
Меѓународниот монетарен фонд издаде сериозно предупредување за глобалната економија, нагласувајќи дека светот седи на “економска темпирана бомба”.
Според најновиот Фискален монитор, јавниот долг ќе надмине 100 трилиони долари до крајот на годината, што е околу 93% од светскиот БДП, со предвидувања дека ќе се приближи до 100% до 2030 година.
ММФ предупредува дека фискалните изгледи за многу земји се полоши од очекуваното поради растечките трошоци, неоснован оптимизам во проекциите за долгот и неидентификуван долг.
Анализите покажале дека земјите треба да се справат со должничките ризици преку внимателно дизајнирани фискални политики, кои ќе го заштитат растот и ранливите домаќинства.