ВЕСТИСВЕТ

ММФ: Вештачката интелигенција ќе го погоди светскиот пазар на труд како цунами!

Вештачката интелигенција ќе го погоди светскиот пазар на труд како „цунами“, ова е категоричен став на директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, пренесе Ројтерс. Вештачката интелигенција веројатно ќе влијае на 60 отсто од работните места во напредните економии и 40 отсто од работните места во светот во следните две години, рече Георгиева.

Advertisements

„Имаме многу малку време да ги подготвиме луѓето за ова, бизнисите да бидат подготвени за ова“, додаде Георгиева.

„Таа (ВИ) може да доведе до огромни зголемувања на продуктивноста ако добро управуваме со нега, но исто така може да доведе до повеќе дезинформации и, се разбира, поголема нееднаквост во нашето општество“, истакна Георгиева додавајќи дека глобалната економија станала поподложна на шокови во последните години, наведувајќи ја глобалната пандемија во 2020 година, како и војната во Украина.

„И покрај очекувањата на повеќе шокови, особено поради климатската криза, глобалната економија остана неверојатно еластична“, посочи таа. „Ние не сме во глобална рецесија“, рече Георгиева.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button