ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Многу граѓани и понатаму не носат маски, МВР за 24 часа казни 436 граѓани

Речиси девет месеци од регистрирањето на првиот случај на коронавирус во земјава, дел од граѓаните сè уште не веруваат дека заразата постои. Други пак, иако веруваат, не носат заштитна маска, која веќе десет дена е задолжителна и на јавен простор.

Advertisements

Носиме маска, ама сега не носиме.

-Зошто?

Зошто нема полиција.

Зошто не носите маска?

Носиме, како не носиме.

Kаде ви е?

Еве во џеб

Знаете дека е задолжително и да отворено да се носи?

Да, па носиме.

Не верувам јас во ова ништо.

Гледате дека секој ден има заразени, починати?

Гледам, ама не верувам. Сум рекол стопати не верувам во ова.

Казна за непочитување на мерката за носење маска, шал или марама е 20 евра, а само во изминатото деноноќие полицијата регистрирала 436 прекршувања. Мерката не важи за луѓето кои спортуваат, за деца под шестгодишна возраст, како и за лица со посебни потреби или пречки во развојот. Маска не мора да се носи ако се возите сами или со семејството во автомобил, ниту пак во угостителските објекти каде се применуваат мерки за заштита, како растојание и дезинфекција. Министерот за здравство, Венко Филипче апелираше до граѓаните да не излегуваат од дома освен до маркет, на училиште или на работа и притоа да се почитуваат сите мерки за заштита. Сепак, денеска раздвиженост имаше и на гробиштата каде православните христијани ја одбележуваат Задушница, во знак на сеќавање на починатите. Велат, сè било по протокол.

„Чест на починатите се направи, по протокол, сè беше во ред, нема гужва, највнимателно од сите луѓе. Ужасно е, очигледно е сите се исплашени нема потреба од карантин.“

„Од кога почна корона и више амин, нема народ. А, корона нема, ова е бизнис.“

Владата го скрати и работното време на угостителските објекти до 21 часот, а  по 21 забрането е и групирање на повеќе од четири лица на отворено. Филипче смета дека засега нема потреба од дополнителни рестрикции, а ефектот од мерките кои се во сила очекува за две до три недели.

Alsat

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button