Многу пречки за спроведување на Законот за употреба на јазиците

Evi Shkopi
113-годишнината од Битолскиот конгрес беше одбележана и во Скопје. Денот на азбуката на албанскиот јазик покажа дека спроведувањето на Законот за употреба на јазиците во земјава е речиси половичен. Тоа е така затоа што сè остана во волјата на институциите, бидејќи Инспекторатот за спроведување на законот сè уште не почнал да работи на терен.
„Кога инспекторите ќе почнат да излегуваат на терен, тогаш побарувачката ќе биде поголема. Агенцијата има капацитет и има ефикасен тим да им помогне на сите институции.“
Директорот на Инспекторатот за примена на јазиците, Фатмир Исени, истакна дека од следната недела планираат да започнат со теренски контроли. Иако Законот беше донесен на почетокот на 2019 година, сè уште има документи кои не се доставуваат до граѓаните на два јазици. Таков случај е и пополнувањето на некои обрасци за добивање уверенија од основните судови кои се добиваат само ако се пополнат на кирилица. Вицепремиерот Артан Груби вели дека граѓаните имаат право да одбијат да го прифатат документот ако не им биде даден на јазикот што го бараат.
„Граѓаните имаат целосно право да не прифатат таков образец и да побараат да го пополнат образецот на албански јазик. Убеден сум дека и судовите и обвинителството ќе ја почитуваат употребата на албанскиот јазик бидејќи имаат законска обврска. Посакувам да имаат доволно човечки капацитет да го спроведат. Доколку немаат, ние сме во процес на ангажирање на 160 преведувачи во Министерството за политички систем.“
Во рамките на одбележувањето на Денот на азбуката, Агенцијата за примена на јазиците ја промовираше книгата „Албанскиот јазик пред и по донесувањето на Законот за употреба на јазиците“.