Многу слободни места во средните стручни училишта
Многу слободни места во средните стручни училишта

Дел од средните стручни училишта и понатаму остануваат со мал број запишани ученици и покрај информациите на Министерството за образование дека повеќето средни училишта речиси ги пополниле предвидените места. Во училиштето „8 Септември“ – ПТТ има 247 слободни места во 5 паралели во три насоки. Според наставниците, малиот број на ученици е поврзан со немањето услови досега во ПТТ за паралелки со настава на албански јазик.
„Има 247 слободни места за петте паралелки, три насоки, управување со сообраќај, шпедиција, електро-менаџмент и управување со компјутерски науки за програмери. Новина е што оваа година нашето училиште се спојува со ‘8 Септември’. Главна причина беше што условите во стариот објект не беа на ниво. Постигнат е договор меѓу двете училишта. Ќе бидеме префрлени во ‘8 Септември’ и нашите ученици ќе имаат подобри услови за учење. Ова верувам ќе биде уште еден импулс учениците повеќе да доаѓаат во нашето училиште и интересот сигурно ќе се зголеми“, изјави Меритон Бериша, учител.
Во стручното училиште „Боро Петрушевски“ се запишани повеќе од 200 ученици со настава по македонски и албански јазик. Слободни места има за уште 100 полуматуранти, речиси во сите профили.
„Годинава сме малку подобри од лани, околу 15 ученици повеќе ако се споредиме со лани, особено на машинските насоки. Состојбата е подобра бидејќи имаме и нов технички курс за електрични автомобили. Но, нема доволно ученици како лани по патен сообраќај и техничари за шпедиција и транспорт. Таму имаме 10 ученици. Во техничка насока за патен сообраќај и технички за транспорт и шпедиција“, кажа Зекирија Зекири, Училиште „Боро Петрушевски“.
Според Министерството за образование, во двата уписни рока, пријавени се 15.481 ученик, од кои речиси две третини во стручните училишта. Според листите, во стручно образование се запишани 10.277 ученици, во гимназиите 4.603, во спортско образование 414 и во уметничко 187 ученици. Според наставниот јазик, за настава на македонски се пријавени 11.325 ученици, на албански 3.852, на турски 298 и на српски 6. Следниот уписен рок е на 21 август во училиштата каде што има слободни места.
Мелихате Рустеми