МАКЕДОНИЈА

Многу вработени „позитивни“, но државата не им доставува решение за изолација

„Ако случајно сум позитивнa, што правиме? Ние сме пет члена во семејството, сите работиме приватно. До сега бев на обично боледување, сега повторно ќе ми се намали платата… “

Advertisements

Три недели чека за тест. Бидејќи матичниот лекар постојано ѝ велел дека нема термин, сега дојде во Институтот за приватно да си плати тест. Вели дека ги има сите симптоми на коронавирусот, но мора да плаќа терапија од свој џеб. Сепак, не добила официјална дијагноза за КОВИД-19, па со тоа ниту одлука за изолација. Тоа ѝ предизвика проблеми во работата бидејќи се соочува со преполовена плата.

Бројните реакции по потврдата на нашата редакција дека бројот на активни случаи не е точен, открија скандал со вработените во приватниот сектор кои не добиваат одлука за изолација. Кој е одговорен за ова? Прашањето им го поставивме на директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Бухова, како и на министерот за здравство Венко Филипче.

Вкупниот број активни случаи достигна над 16.800 од ​​кои над 7.700 само во Скопје. Во главниот град има три општини кои имаат над 1.000 активни случаи како што се Аеродром, Гази Баба и Карпош. И Тетово вчера помина илјада активни, по што следуваат Прилеп, Велес и Куманово.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button