ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Многу закони останаа блокирани во Собранието

Голем број закони кои се однесуваат на благосостојбата на граѓаните и се клучни за евроинтеграцискиот пат на земјава и понатаму остануваат под заложништво на волјата на пратениците. Меѓу нив се Законот за поврат на ДДВ за граѓаните од максимум 1.800 на 2.100 денари, Законот за даночна реформа, Законот за породилно отсуство, како и предложениот закон со кој напад врз новинар ќе се смета за напад врз службено лице. Од ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува владејачките партии дека не можат да соберат соодветно мнозинство, бидејќи се занимаваат со теснопартиски интереси.

Advertisements

Пратеникот на БЕСА, Фадил Зендели, вели дека проблемите на власта да одржи стабилно мнозинство предизвикуваат хаос во функционирањето на Собранието, а опозицијата не е одговорна за создавање кворум во салата.

„Опозицијата не може да го одржува во живот парламентарното мнозинство. Парламентарното мнозинство треба да има соодветни капацитети, треба да ја има потребната бројка, затоа се нарекува парламентарно мнозинство, а како такво гледаме дека тоа го немаат. Особено сега по новогодишните празници се забележува дека нема нормално функционирање на Собранието. Минатата недела се виде дека на парламентарното мнозинство му недостасуваат бројки, не случајно работите се одложуваат. И денеска според информациите од координацијата на политичките партии, не се разговарало ништо за тоа да се понуди решение за состојбата со неефикасноста на Собранието“, вели Зендели.

Од владејачката СДСМ, пратеничката Снежана Калеска вчера изјави дека од оваа недела Собранието ќе почне да биде поефикасно и поактивно. Денеска вели поинаку. Активности во Собранието се планирале за следната недела, а од опозицијата бара да биде поконструктивна.

Поради немање мнозинство, на 10 јануари не почна 99-та седница, која претседателот на Собранието ја најави пред Нова година. Во анализата за работата на Законодавниот дом за 2022 година, која ја презентираше Талат Џафери, јасно се гледа малиот број комисиски и пленарни седници.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button