Многу занаети пред исчезнувње

Џезаир Реџепи го запознавме додека ги учеше учениците од средното техничко училиште во Гостивар како да работат со керамика.
Овој занает е пред исчезнување, вели Џезаир, а тоа го инспирирало да ги научи учениците како да прават различни садови од глина.
„Главната цел е да се мотивираат што повеќе луѓе и што е можно повеќе млади уметници постојано да се занимаваат со оваа професија, можеби доцниме со почетоците но младите можат да ја започнат како професија и да прават добри работи и за земјата и за себе“, вели Џезаир.
Заинтересираните ученици рекоа дека од оваа работилница добиле идеи да отворат мал бизнис со глинени сувенири за странски и домашни посетители.
„Ние досега не сме работеле на ваков проект и ова беше многу добро искуство, а беше идејата на професорот кој не учи уметност. И јас не знаев да ги правам, но со искуството што го имавме овде четири дена научивме многу“…
„Нашата насока не поврзува и со ова, а мислам дека ќе станам иден архитект. Ова се работите што ги направивме, ова е едноставен сад, но направивме и други работи и ги направивме за кратко време“, рекоа учениците.
Работилницата за керамика „Тера Арт“ се реализира по четврти пат во Гостивар и секоја година учествуваат повеќе од 30 ученици.
Авни Тахири