Многу затвори се без доктори и без ниту еден психијатар
Многу затвори се без доктори и без ниту еден психијатар

Недостатокот на медицински кадар во затворите ширум земјава изнесува најмалку 30 проценти, вели за Алсат народниот правобранител Насер Зибери. Тој објаснува дека во затворите ширум земјава недостасуваат голем број доктори, а мал е бројот и на психијатри кој согласно законот треба да ги има во секој затвор.
„ Голем број од казнено-поправните установи немаат постојано доктор во рамките на установите и тие услуги ги извршуваат здравствените домови во рамките на градовите кадешто се наоѓаат овие затвори. Голем број на казнено-попавни установи, немаат психијатар, кој е задолжителен при приемот на затворениците во затворите, но и во перманентен третман кон затворениците”,рече Насер Зибери народен правобранител .
Според Зибери главниот проблем за сериозниот недостиг на медицински кадар во затворите е тоа што надлежноста за негово обезбедување ја има Министерството за здравство, а не управата за извршување на санкции.
„ Доколку таа надлежност биде на казнено-поправните установи, тогаш секоја казнено-поправна установа ќе го вработува лекарскиот персонал и тие ќе бидат одговорни пред управите на затворите. Вака тие одговорни се пред Министерството за здравство кои овозможуваат сервисирање на здравствени услуги за затворите. И мислам дека таа координација е еден од проблемите кој ни се појавува„, додаде тој.
Покрај проблемот со недостатокот на медицински кадар, до народниот правобранител редовно пристигнуваат преставки од затвореници во врска со квалитетот на здравствената заштита, недостатокот на лекови иопцијата за користење секундарна и терцијарна здравствена заштита која не може да им се овозможи во рамки на здравствените установи, но и недостатокот од терапија во затворите за зависниците на наркотични средства./Алсат.мк
Михаило Донев