Многудетните семејства на удар на економската криза
Многудетните семејства на удар на економската криза

Економската криза и секојдневните трошоци ги згаснаа соништата и желбите на многу деца и членови на нивните семејства. Во семејството Бекири во Арачиново, четирите деца на возраст од 8 до 14 години не можат да си дозволат нова облека или храна бидејќи ова 6 члено семејство месечно живее со 12 илјади денари.
„Би сакал голема куќа, полна со храна, сите добри работи. Сакам облека да не се разболувам во зима”, рече детето.
Дали имате чевли, чизми или патики за оваа сезона?
„Да, имаме, ни дадоа. Ни дадоа облека бидејќи немаме шанса да си купиме“, додаде тој.
Мајката Латифе Бекири за Алсат вели дека поскапувањето на речиси сите производи го испразнило фрижидерот. Како што признава таа, најчестите производи што можат да ги купат се јогурт, супа или дури и некое пилешко месо за деца.
„Струјата ни доаѓа три месеци по 4.000 денари, сега падна на 2.500. Плаќаме затоа што ја исклучуваат“, рече Латифе Бекири, мајка.
Што ви останува за храна, дали сте обезбедиле брашно, дрва, најпотребните работи. Дрвата ни ги купи синот на вујко ми, ни помага помалку. Не прашувај многу е скапо, за 50 евра ништо не се добива, само оди до продавница и готово.
Само оваа соба ја греете со дрва?
Да, само ова, овде спиеме, овде сè.
Дали ги загревате другите соби со нешто?
Не, имаме уште една соба, куќата ја изградија добронамерници“.
Покрај економската криза, семејството Бекири плаќа и големи суми за здравствените проблеми со кои се соочува сопругот и татко Ќамил Бекири.
„Ако може некој би ми помогне да ги отстранам камењата, друго ништо не барам, да се ослободам и да излезам надвор, сакам сам да работам, а не да им пречам на другите. Што ти рекоа, дали таа операција се прави овде?“, рече Ќамил Бекири, домаќин.
Над 100 евра беше ноќевањето, знаете како е приватно. Ми рекоа да се оперирам со рез, но ми рекоа дека имам бронхитис, треба да останам 2 недели да се опоравам од бронхитисот, па потоа да се отстранат камењата. Ми рече дека чини, не ми кажаа точно колку, но над 8 илјади евра“.
Семејството Бекири е само едно од семејствата кои економската криза речиси целосно ги уништи./Алсат.мк
- Заинтересираните кои сакаат да му помогнат на ова семејство можат да се обратат на телефонскиот број:
070 531 360
Ќамил Бекири, Арачиново
Мелихате Рустеми