ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мнозинството и опозицијата се судрија околу измените на законот за шуми

Мнозинството и опозицијата се судрија околу измените на законот за шуми

Предложениот закон за шуми ги судри власта и опозицијата. Владата тврди дека измените се прават со цел да се олесни динамиката на реализација на капиталните проекти. Односно, инвеститорите на јавните инфраструктурни објекти ќе можат сами да ја исечат и распределат дрвната маса за време на работите, откако ќе го известат јавното претпријатие Државни шуми. „Левица“ ова го опишува како изложување на шумите на опасност.
Но, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски рече дека овие обвинувања се неосновани. Според него, пред да започне каква било градба од ваков карактер, проектите минуваат низ низа прелиминарни проверки. Тој подвлече дека овој закон воопшто не ја загрозува животната средина.

Advertisements

Матичната комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство овој закон го испрати на натамошна постапка во Собранието./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button