ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мнозинството испитаници сметаат дека ЕУ е најдобра алтернатива за земјава, а Бугарија најголема закана

Мнозинството граѓани во земјава сметаат дека влезот во Европската Унија е добра работа и дека Унијата е најдобра алтернатива за државата, но исто така мнозинството смета и дека односот на ЕУ кон Северна Македонија е нефер, надмен и уценувачки.

Advertisements

На денешната презентација на резултатите од спроведената анкета ЕВРОМЕТАР 2023, Димитар Николовски, извршен директор на Евротинк – Центар за европски стратегии, посочи дека и покрај зголемениот скептицизам во врска со влезот на земјава во ЕУ, 53 проценти од испитаниците се согласуваат дека влезот во ЕУ е добра работа за земјава, споредено со 49 отсто во 2022 година, додека 30 проценти не мислат така.

На прашањето „каков е односот на ЕУ кон Северна Македонија”, 55,8 проценти сметаат дека односот на ЕУ е нефер (65 отсто во 2022), надмен и уценувачки, наспроти 27,5 отсто кои рекле дека односот на ЕУ е фер, пријателски и коректен (17 отсто во 2022).

За 60,8 проценти од испитаниците ЕУ е најдобра алтернатива за земјава, што е раст од 2 проценти во однос на 2022 година кога вака одговориле 58 проценти, наспроти 35,6 отсто, кои сметаат дека земјата треба да бара сопствен модел за развој надвор од ЕУ (33 отсто во 2022).

Вкупно 30 проценти од испитаниците мислат дека земјава никогаш нема да влезе во ЕУ, наспроти 12 проценти кои сметаат дека тоа ќе се случи за 5-9 години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button