ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
МНР: Брзо и ефикасно издавање пасоши во нашата амбасада во Берлин

Министерството за надворешни работи соопшти дека воспоставувањето на базната станица за издавање патни исправи во Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин почна да ги дава првите резултати и за помалку од еден месец, според тврдењето на амбасадорот Рамадан Назифи, над 200 лица се имаат сликано, а околу 70 наши државјани веќе се имаат стекнато со нова патна исправа.
– Амбасадорот нагласува дека со базната станица се надмина еден од најголемите и најгорливи проблеми со кои дијаспората и амбасадата се соочуваа. За ефикасниот и олеснет процес на добивање патни исправи во амбасадите со помош на новиот систем, сведочат и нашите државјани кои веќе ги имаат почувствувано овие бенефиции, соопшти МНР.