ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
МНР до граѓаните на Македонија: „Вратете се од Русија!“

По одлуката на ЕУ и другите европски земји, вклучително и Македонија, да го затворат воздушниот простор за руските компании, Министерството за надворешни работи во Скопје ги повика нашите граѓани да ја напуштат Русија. Ова предупредување доаѓа поради можноста за целосен прекин на летовите кон и од Русија. МНР исто така ги повика граѓаните да избегнуваат да патуваат во таа земја. Ваков апел вчера до своите граѓани упатија и САД и земјите-членки на ЕУ.