ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МНР: Единствено прифатливо решение со Бугарија е одложена примена на уставните измени

Единствено прифатливо решение со Бугарија е одложена примена на уставните измени, сакаме гаранции и јасно исцртана тратекторија и предвидливост на патот кон полноправно членство во ЕУ, брифираат извори од Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.

Advertisements

Според изворите, Владата е посветена кон дијалог и се работи на изнаоѓање решение коешто ќе значи предвлидливост, бидејќи, како што велат, доколку ги усвоиме уставните измени и повторно после неколку месеци се доведеме во ситуација на билатерализација, штетата ќе биде голема за репутацијата на ЕУ и кај нас, како и по регионот во целина.

-Водиме дијалог, сакаме дијалог којшто ќе значи јасен пат напред во процесот на преговори, но се уште не сме во ситуација да имаме јасна слика дека по уставните измени нема да имаме повторно билатерализација на процесот, и затоа сме на нашата позиција дека единствено прифатливо решение е уставни измени со одложена примена, бидејќи сметаме дека така ќе се заштитиме и така ќе имаме и мотивација кон другата страна да не продолжува да билатерализира, туку да го поттикнува нашиот пат напред, брифираат изворите од МНР.

Изворите велат дека во соопштението на бугарското МНР по средбата на шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Георг Георгиев во февруари, тие јавно кажале дека уставните измени се само за отворање на преговорите и оти од моментот кога ќе се отворат преговорите постои опасност повторно да се сведеме на билатерални прашања и поради тоа дипломатската активност е насочена да се спречи тоа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button