МНР: Формиран кризен штаб за евакуација на наши граѓани од Израел

Министерството за надворешни работи формираше кризен штаб преку кој ќе организира евакуација на нашите граѓани кои моментално се наоѓаат во главниот град на Израел, Тел Авив. Од Министерството за надворешни работи велат дека бројот на граѓани постојано расте, а во меѓувреме ја повикуваат тамошната дипломатска мисија да ги следи упатствата дадени од кризниот штаб. Се уште нема конкретна бројка на македонски државјани кои во моментов се наоѓаат на територијата на Израел.
„Со итна постапка го формиравме Кризниот штаб во рамките на Министерството, кој ќе има задача да ги следи, координира и систематизира сите постапки поврзани со нашите граѓани кои се наоѓаат во и околу загрозените подрачја и на кои ќе им треба помош за нивна безбедна евакуација. Бројот на наши граѓани кои пријавуваат дека се затекнати во и околу загрозените подрачја постојано се зголемува“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните да ги следат упатствата на безбедносните органи во Израел, а ги ставиле на располагање и телефонските броеви во Скопје и Тел Авив каде можат да се пријават за да ја покажат нивната локација и состојба.
„Уште еднаш ги повикуваме нашите граѓани кои моментално се во Израел да ги почитуваат инструкциите на израелските безбедносни органи, како и да се пријават во амбасадата во Тел Авив или во сервисните телефони во седиштето во Скопје. За повеќе информации СОС телефонот на МНР: 075/273-732, како и телефонската линија на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378“, додаваат од МНР.
Во меѓувреме, медиумите во Косово објавија видео снимка на која за време на бомбардирањата во Тел Авив се слушаат луѓе како зборуваат на албански јазик, но не е потврдено дали се државјани на Република Косово или државјани на Северна Македонија.
Адријан Керими