ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МНР ќе плати повеќе од 900 000 евра за наем на возила за самитот на ОБСЕ

Министерството за надворешни работи од својот буџет ќе издвои речиси еден милион евра за наем на возила за претстојниот самит на ОБСЕ кој ќе се одржи во декември годинава. Изнајмените автомобили ќе бидат наменети за министерските делегации од земјите членки на Организацијата кои ќе учествуваат на самитот во Скопје.

Advertisements

За наемот на околу 175 возила, МНР склучи договор со компанијата за промет, трговија и услуги „АБЦ РЕНТ А КАР ТУРС“ од Скопје. Договорот е склучен во два дела. Првиот – за изнајмување на возила за потребите на самитот на ОБСЕ, е за четири месеци и е во вредност од 919 305 евра. Вториот дел од договорот е во износ од 38 304 евра и е за изнајмување возила за редовните потреби на МНР во период од една година.

Вкупната вредност на договорот изнесува 59 милиони денари, односно 957 610 евра.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button