ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МНР: Македонските државјани да ја напуштат Русија

Министерството за надворешни работи упати апел до нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да заминат од земјата и да ги искористат се уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја.

Advertisements

Како што се наведува во соопштението од МНР, предупредувањето следи поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија, со оглед на одлуката на ЕУ и други европски земји, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија, за затварање на Европскиот воздушен простор зарРуските авиопревозници.

Соодветно, се повикуваат сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања кон истата.
Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги следи одблиску состојбите, и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници со кои на дневна основа разменуваме информации и анализи за актуелните состојби.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button