МНР не ги открива имињата на назначените економски советници

Министерството за надворешни работи избра економски советници преку кои земјата ќе ја ревитализира економската дипломатија. Не е познато кои се тие и како биле избрани. Истите со работа се очекува да започнат во втората половина на 2021 година, а дотогаш треба да завршат со нивната обука.
„Работната група на советници е формирана во рок од три дена од одобрувањето на заклучокот на Владата за реорганизација на економската дипломатија, со цел да се промовираат националните економски интереси во странство. Го одржа својот прв состанок и работи на измена на Акциониот план, кој ги содржи сите потребни параметри за постигнување на заклучоците на Владата за предложената реорганизација на економската дипломатија“, наведуваат од МНР.
За опозицијата, овој проект е политички маркетинг, од кој земјата нема да има никаков економски бенефит, ниту промоција на домашните производи, а уште помалку странски инвестиции.
„Со оглед на капацитетот, како во однос на економијата, така и во однос на политичкото управување, овој проект е дел од нивниот политички маркетинг. Ќе се прават големи трошоци, но сметаме дека успехот исто така ќе биде условен, поради фактот што е време на пандемија и тешко може да се циркулира. Сепак, сметаме дека еден успешен проект треба да има вистински експерти во различни области, кои можат да ги анализираат сите ресурси”, вели Скендер Реџепи АА- Алтернатива.
Инаку, поранешниот премиер Никола Груевски беше првиот што го промовираше методот на привлекување странски инвестиции преку економски промотори. Од 2008 до 2017 година, 33 економски промотори ја чинеа земјата 1,2 милиони евра. СДСМ од опозицијата ги критикуваше промоторите како неуспешни и ги откажа веднаш штом дојде на власт во 2017 година. Како и да е, во 2019 година, се обиде да ги врати преку Дирекцијата за слободни зони и оваа година се обидува преку економска дипломатија.
Анеса Салиху