ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
МНР размислува да ги повика македонските граѓани во Либан да ја напуштат државата

Ние сме должни секој наш државјанин да го згрижиме, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во врска со ситуацијата во Израел.
„Во тој контекст можеби денеска ќе пуштиме соопштение да ги повикаме нашите граѓани во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација таму“, рече Османи.
Според него, граѓаните таму особено треба да бидат внимателни поради фактот што со Либан немаме ниту дипломатски односи, а немаме ниту амбасада.
„Сакаме однапред да испратиме покана до сите наши граѓани што се во Либан или, пак, планираат да патуваат во Либан, тоа да го одложат“, а тие што се таму да ја напуштат државата“, апелира шефпт на македонската дипломатија.