ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МНР: Руси Поповска заминува во Бугарија, Фрчкоски во ОН, Буџаку во Канада

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека по добиените агремани и потпишаниот указ од претседателот Стево Пендаровски утврдени се предлози за тројца македонски амбасадори. Од МНР информираат дека предложени се Агнеса Руси Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор во Бугарија, Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор во Канада и Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор во Организацијата на Обединетите нации.

Advertisements

„Со ова, бројот на пополнети места – амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на мојот мандат се зголеми на 24“, наведува министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Именувањето на поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи Љубомир Фрчкоски за амбасадор во седиштето на ОН во Њујорк предизвика најмногу критики од опозицијата. Пендаровски минатата недела го потпиша указот со кој го назначи Фрчкоски и покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше работата на собраниската комисија за надворешни работи, каде што професорот требаше да ги презентира своите тези за оваа позиција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button