ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мобилизација на институционален и човечки потенцијал за гаснење на пожарите, побара Мицкоски

Мобилизација на институции, ресурси и секој човечки потенцијал за помош во гаснењето на пожарите во земјава, побара денеска претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Човечки молам, владините институции да го прават тоа за што се платени – да му служат на народот“, рече Мицкоски и побара формирање на Централно кризно тело составено од експерти и професионалци.
„Колку животи и имоти треба да се уништат за да владата се воозбили и наместо циркузанти кои кршат ќерамиди, со оваа деликатна работа да се зафатат стручни луѓе и тим од професионалци“, рече Мицкоски.
„Не е време за политизирање, време е да му се помогне на народот“, порача Мицкоски.