Mобилните телефони во училиштата одат „во ќош“

Во некои училишта во земјава веќе почна да се практикува забраната за користење на мобилни телефони за време на наставата. Во гимназијата „Зеф Љуш Марку“ во Скопје учениците кои користат мобилни можат да добијат опомена, па дури и праќање кај директорот, педагогот или психологот. Според интерните прописи на училиштето, највисока предвидена казна е одземање на телефонот.
„Привремено ги оставаме телефоните на клупа или во кутија на масата на професорот. Јас и другите колеги го направивме тоа, а сликата во училницата се менува 100%, верувајте 100%. Го нема телефонот во близина, не го користи, барем не гледа постојано во телефонот затоа што му е далеку. Концентрацијата, текот на процесот, учењето се 100% различни. Дури и самите ученици се убедени дека навистина има ефект“, рече Беким Троли, помошник-директор во О.У. „Зеф Љуш Марку“.
Сепак, некои ученици се противат на мерката, но таа мора да се почитува. Повеќето ученици веруваат дека е во нивен интерес.
„Не е во ред да се дозволува користењето телефони за време на часовите, но ние како ученици речиси секој ден имаме по 7 часа. Кога сме втора смена, во 7 сме дома. Има некои кои живеат подалеку и за нив телефонот треба да се дозволи. Со други зборови, треба да има одредена толеранција за овие ученици.“
„Јас сум против користење на телефони за време на час, но мислам дека не треба да бидат строго забранети бидејќи не се знае, има итни случаи, на родителот може итно да му треба нешто, а детето треба некако да го контактира.“
„Се има случено некој да го користи телефонот на час и да добие опомена од професорот. Се надевам дека нема да се повтори бидејќи тоа е непочитување кон професорот бидејќи тој објаснува, а ученикот не го слуша.“
„Мислам дека концентрацијата ќе биде на повисоко ниво кога телефоните нема да бидат во употреба бидејќи телефоните во текот на часовите предизвикува деконцентрација“, велат учениците.
Од управата на училиштето велат дека одлуката за забрана на мобилните телефони професорите досега ја практикувале индивидуално и имаат безрезервна поддршка од родителите.
Ајнур Бафќари