ВЕСТИСВЕТ

Моделот за колективен имунитет не дава резултати во Шведска! Главниот имунолог и натаму против драстични мерки

Главниот шведски епидемиолог, Андерс Тегнел, призна дека неговата земја по втор пат се соочува со зголемување на бројот на заразени со корона вирусот, иако претходно најави дека бројот на инфекции ќе биде „прилично низок“ наесен. Сепак, тој продолжува да инсистира на воведување на само неколку нови мерки.

– Нов бран нѐ чека наесен. Шведска ќе добие високо ниво на имунитет и бројот на заразени ќе биде доста мал – изјави тој за „Фајненшл тајмс“ во мај.

Сепак, најновите податоци покажуваат дека Шведска, во однос на бројот на жители, бележи поголем пораст на инфекции и стапка на хоспитализација и смртност од соседните земји, објави во четвртокот „Фајненшл тајмс“.

Во последниве недели, бројот на нови случаи на дневна основа се зголеми.

Бројот на хоспитализирани пациенти, исто така, драматично се зголеми за 60 проценти во споредба со минатата недела, објави „Гардијан“.

„Во моментот, гледаме ширење меѓу луѓето во многу региони во исто време“, рече епидемиологот Тегнел, познат противник на политиката за заклучување, за време на својата прес-конференција.

„Ќе продолжиме вака. Така работиме во Шведска. Имаме големо разбирање и големо придржување кон правилата“, ја пренесува Ројтерс неговата изјава.

На иста линија со шведскиот епидемиолог е и Сара Бифорс, од здравствената управа на Шведска.

„Гледаме дека и многу други европски земји, кои имаа голем број на заразени луѓе во пролетта и воведоа строг карантин, исто така бележат висок раст“, ​​изјавила Бифорс.

Шведската влада првично одби да воведе строги мерки против коронавирусот. Таа се потпре само на препораките за контрола на инфекцијата, оставајќи ја на добрата волја на населението да ги почитува истите.

Сепак, поради зголемувањето на бројот на заразени, земјата беше принудена да донесе построги мерки во последните неколку недели, вклучително и забрана за продажба на алкохол во пабови и барови по 22 часот, а Тегнел им рече на Швеѓаните оваа недела дека можеби владата ќе мора да воведе ограничувања за патувања, непосредно пред Божиќ, објави Би-Би-Си.

Шведска е една од ретките земји во Европа што не препорачува или бара маскирање надвор од болници и установи за нега. Тегнел рече дека не видел добра студија во корист на маските и покрај фактот што тие ги препорачуваат Европскиот центар за контрола на болести и многу други здравствени тела.

– Фасцинантно е колку малку студии има за ова. И ако погледнете во земји со строги правила за носење маски, тешко е да се види дека тие поминале добро – рече тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button