СВЕТ
Моди, Стармер и кралот Чарлс изразија сочувство за авионската несреќа во Индија

Индискиот премиер Нарендра Моди денес изјави дека трагедијата што се случи во Ахмедабад „ги шокираше и ги растажи сите“.
„Тоа е тажно и тешко е да се опише со зборови. Во овој тажен момент, моите мисли се со сите погодени. Во контакт сум со министрите и надлежните органи кои работат на обезбедување помош за жртвите“, напиша Моди на Твитер.
Британскиот премиер Кир Стармер и кралот Чарлс изразија длабоко жалење и сочувство поради авионската несреќа.