
Реал Мадрид стигна до првиот трофеј во сезоната откако славеше убедливо во Суперкупот на Шпанија против големиот ривал Барселона. На трофејот се радувaше и Лука Модриќ кој до крајот на сезоната може да постане и најтрофејниот фудбалер во историјата на „кралскиот“ клуб.
За Хрватот тоа е 24 трофеј во Реал Мадрид со што сега има само еден помалку од рекордот кој го држат Марсело и Карим Бензема.
Реал Мадрид до крајот на сезоната е во игра за уште три трофеи па постои можност 38-годишниот уште оваа сезона да постави нов рекорд.