
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа на гостувањето кај Шарлот Хорнетс (107-112) во НБА лигата. На овој натпревар блесна Ентони Дејвис кој одигра навистина моќна партија во два правци. Крилниот центар на Лејкерси уфрли 42 поени, а фати и 23 скока под обрачите со што беше прво име на тимот. Кај Шарлот се истакна Бриџс со 26 поени, додека Леброн Џејмс го заврши мечот со 22 поени.
Чикаго Булс славеше во домашниот меч против Денвер Нагетс (129-121) и покрај блесокот на Никола Јокиќ. Србинот имаше „трипл-дабл“ ефект со 33 поени, 14 асистенции и 12 скока, додека одличен беше и Браун со 28. Сепак, во таборот на Булси поените беа добро распоредени и лидери на тимот беа Лавин со 21, Вучевиќ со 20, Бол со 18 и Досунму со 17 поени.
На останатите терени се забележани овие резултати: Детроит – Кливленд 91-110, Торонто – Њу Орлеанс 113-104, Њујорк – Мемфис 143-106, Мајами – Орландо 125-119, Бруклин – Сакраменто 96-110, Бостон – Хјустон 112-114, Минесота – Атланта 100-92, Далас – Вашингтон 130-108, Јута – Милвоки 110-125 и Феникс – ЛА Клиперс 111-109.