МАКЕДОНИЈА

МОЛК – Министерството за образование не кажува дали школската година ќе почне на 1 септември!


Остануваат само уште седум дена од официјалниот почеток на учебната година, но надлежните молчат и не кажуваат дали таа воопшто ќе почне на 1 септември или ќе биде одложена. Во училиштата сè уште не пристигнало ниту некакво решение од Министерството за образование како да се спроведува и наставниот процес. И покрај тоа, некои училишта се спремаат за прием на ученици.

„Во нашето училиште вршиме комплетно реновирање на внатрешната зграда, вратите и ѕидовите. Сите училници се реновираат за новата учебна година 2020-2021 година. Чистотата е пред сè и поради пандемијата сега е потребна поголема хигиена…“

Во ова училиште се подготвени да ја започнат новата учебна година со физичко присуство на учениците. Според директорот, класовите не се натрупани, најмногу има до 22 деца.

„Како што знаеме, нашето училиште има мал број ученици, што значи дека ние како училиште имаме можност да одржуваме настава со физичко присуство. Имаме можност тоа да го сториме во две смени. Во еден клас во нашето училиште има по 22 ученици, а најмалку има 10 ученици.“

За да реализираат настава со физичко присуство општините мора да достават барање до Министерството за образование, додека Министерството  заедно со специјална работна група со членови од Комисијата за заразни болести ќе ги разгледаат барањата и во зависност од епидемиолошката состојба, ќе донесат одлука. Пред неколку дена Владата соопшти дека наставата ќе се одвива воглавно преку Интернет, со два исклучоци. Децата од прво до трето одделение ќе одат на училиште, додека останатите од основното и средното образование ќе следат интернет-настава. Родителите на учениците до трето одделение исто така ќе добијат можност да изберат дали нивните деца да одат на училиште или и тие да следат часови он-лајн.

Melihate Rustemi                .

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button