ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Молк во ДУИ по јасната порака на Зијадин Села дека Струга му припаѓа на АА

Молк во ДУИ по јасната порака на Зијадин Села дека Струга му припаѓа на АА

Молк од ДУИ по вчерашната порака од лидерот на АА Зијадин Села, дека ако не му припадне Струга, присуството на Алијанса на Европскиот фронт нема да има смисла.
„Секако, Струга треба да припаѓа на Алијанса за Албанците, за ова не треба ни да се дискутира. Инаку, што би значела Алијанса за Албанците во рамките на Европскиот фронт?“, изјави Зијадин Села – AА/EФ.

Advertisements

Алсат се обиде да контактира со претставници на ДУИ, но не добивме одговор. Молчењето во ДУИ доаѓа откако, според извори на Алсат, поделбата во рамките на Европскиот фронт штотуку започнала, но и дебатата за изборните единици. Иако Села е категоричен дека Струга треба да ѝ припадне на АА, се чини дека лидерот на ДУИ, Ахмети, е решен да го номинира претседателот на огранокот, Фатон Положани, за кандидат во Струга. Од редовите пак на АА на Таравари, можен кандидат е сегашниот заменик-директор на царината, Гарип Каба, додека од Алијанса на Села, не е исклучено самиот Села да се кандидира, што тој не го негираше.

Коалицијата ВЛЕН има кандидат за градоначалник на Струга. Иако постои договор, името на кандидатот, не се соопштува.

„Што се однесува до Струга, можам да кажам дека имаме заеднички договор да најдеме репрезентативно име за Струга кое ќе внесе нов живот во Струга, поради минатото кое го гледаме како водено од градоначалник со многу корумпирано минато, но и лице на американската црна листа. Струга заслужува достоинствен кандидат кој ќе ја врати Струга на нејзината слава“, рече Зеќирија Ибрахими – ВЛЕН.

Иако сè уште не е официјално кажано, најкоментираното име за кандидатурата на ВЛЕН во Струга е претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Менди Ќира. Ибрахими не ја исклучи можноста за кандидирање на непартиски кандидати во некои општини, а воедно се согласи со ВМРО-ДПМНЕ дека во одредени општини ќе ги поддржуваат кандидатите на коалициониот партнер.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button