ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Молк во ДУИ за обвинувањата од Огнената група

Од ДУИ молчат за обвинувањата на „Огнената група“ дека избраници на Али Ахмети не ги исполниле ветувањата. Побаравме коментар од челновите на ДУИ, но никој не сакаше да зборува.

Advertisements

Вчера потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити придружуван од организацискиот секретар, секретарот за родова рамноправност, претседателот на надзорниот совет, членови на централното претседателство, државни секретари и советници, заменици министри и пратеници, на прес-конференција искажаа незадоволство. Меџити рече дека го избрале овој начин бидејќи во партијата им било кажано дека повеќе нема да има средби за прашањето за нивното незадоволство. Тој ја презентираше направената анализа која содржеше оценка за реализацијата на 170 ветени предизборни проекти за периодот 2020-2022 година.

„Од овие 170 ветувања, само две се целосно а пет делумно спроведени. Додека другите се заборавени од извршната власт на ДУИ. За неуспесите на владините проекти сведочи и анкетата на меѓународната организација ИРИ, па ако сме ние субјективни, токму американската ИРИ објави анкети во која Артан Груби и Бујар Османи имаат најслаби резултати и за првпат рејтингот на албанската опозиција го надминува рејтингот на ДУИ’, рече Меџити.

Таканаречената „Огнена група“ нема да создаде нова политичка фракција и нема да бара лична одговорност од претседателот Али Ахмети. Според нив, одговорноста е на министрите и тие се оние кои треба да бидат разрешени. Огнената група во ДУИ по притисок од јавноста успеа да формира партиски тела кои долго време беа нефункционални. Новото претседателство го прифати и извештајот за работата на министрите, но од партијата засега не зборуваат за одговорност или разрешувања.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button