ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Момче убиено со огнено оружје вечерва во Гостивар

Момче убиено со огнено оружје вечерва во Гостивар

Трагичен настан ги вознемири гостиварци вечерва – момче на возраст од 28 години е убиено во близина на булеварот „Гоце Делчев“ во градот.

Advertisements

Според информациите на порталот од полицијата, жртвата е 28-годишен гостиварец со иницијали Г.А..

„Околу 19 часот и 40 минути во полиција било пријавено дека во гостиварската болница „Ферид Мурад“ бил донесен 28-годишниот гостиварец Г.А, со влезно-излезна прострелна рана во главата“, велат од СВР Тетово.

На момчето му била укажана помош, но тоа им подлегнало на повредите. Засега не се познати други детали за убиството.

Во тек е увид што го вршат Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button