ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МОН: Апсурдно е со референдум да се блокира дигитализацијата и осовременување на образованието

Правото да се иницира референдум е легитимно и уставно загарантирано, но не е оправдана причината поради која се користи ова право, сметаат од Министерството за образование и наука. Во нивната реакција меѓудругото се додава:

Advertisements

Апсурдно е на референдум да се блокира напредокот и дигитализацијата со која се осовременува образованието, соопшти Министерството за образование и наука, додавајќи дека промените мора да се случат и од новините кои се предизвик за сите не треба да се откажуваме.

– Законското решение кое се однесува на материјалите за учење е целосно во согласност со времето и ерата на ИТ-технологијата во која младите живеат и за најголем дел од нив примената на електронски уред за совладување одредена наставна материја или тема, пребарување и истражување податоци преку интернет не претставува проблем, туку вообичаена практика која со законот ќе стане достапна за сите, вклучително и за учениците од социјално ранливите семејства, наведува МОН.

Реакцијата следува по одлуката на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ да собира потписи за иницирање референдум за да се запре донесувањето на новиот закон за учебници со кој се воведува дигитализација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button