МАКЕДОНИЈА

МОН да воведе задолжително бесплатно тестирање во училиштата, бараат од Меѓаши

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ повикува на проактивност и мобилност од страна на Министерството за образование во образовниот систем, и бара да се воведе задолжително бесплатно тестирање за сите ученици и персонал во училиштата за да се спречи неконтролирано ширење на вирусот во училиштата.

-Свесни сме и имаме голем број  информации кои до нас пристигнуваат како од родители, деца и други членови на семејствата така и од наставници дека учебната година со физичко присуство претставува висок ризик по здравјето, како за децата така и за вработените и за семејствата поради несоодветниот начин на организирање на наставата, велат од МЕЃАШИ.

Според нив, нетранспарентноста на МОН и недостатокот на информации во поглед на бројот на активни случаи во училиштата дополнително ги зголемува сомнежите и вознемиреноста кај родителите.

Очекуваат надлежните од МОН заедно со директорите на училиштата да изнајдат начини и да го искористат убавото време, креативноста и можностите на училишните дворови и да  прилагодат дел од наставата да се одвива надвор, на отворено за да им се овозможи на децата слободно да дишат.

Како што потенцираат од првата детска амбасада во светот, скратувањето на наставата и должината на часовите е уште една брза и ефикасна мерка која може веднаш да се спроведе за да се избегнат други здравствени проблеми предизвикани од долгото носење на маски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button