ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МОН најавува нов модел на финансирање во основното образование

Нова формула за финансирање на основното образование се очекува следната учебна година да се спроведе во 10 општини во земјава, најави министерството за образование. Министерот Шаќири информираше дека новиот модел предвидува реорганизација на училиштата кога станува збор за бројот на ученици и наставниот кадар. Никој немало да остане без работа, туку ќе се создаделе подобри услови за учење.

Advertisements

„Никаде не се разговара дека треба да отпуштаме во оваа ситуација во која сме бидејќи има неколку компоненти. Има општини, ако некој се пензионира од училиштето, во одделенската група, тогаш не се бара ново финансирање. Свесни, општините за да ги намалат блок-субвенциите за плати, го сочинуваат синдикатот на паралелките и ги користат овие можности што ги имаат. Имаме постоечки општини кои префрлија дел од нивните подрачни училишта во централното, но никогаш нема да се предвиди дека ќе бидат оштетени наставниците“, рече Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Според Шаќири, со новата формула за финансирање приоритет ќе биде создавањето услови за целодневна настава, токму во оние училишта каде што барањата се најбројни.

„Вообичаено во градот Скопје, во општините Чаир и Аеродром и некои други треба да се инвестира во инфраструктура за целодневна настава. Оваа формула, која ќе има долгорочни импликации во тој период… треба да се види и компонентата на создавање простории во училиштата во кои не може цел ден да се изведува целодневна настава бидејќи бројот на ученици е многу голем“, додава Шаќири.

Новата формула за финансирање на основното образование е веќе во фаза на дискусии и собирање информации за моменталната состојба во одредени училишта. Новиот модел ќе добие финансиска поддршка од УНИЦЕФ, УНДП и Светската банка.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button