ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МОН најавува – историјата заминува во историја!

Две недели пред крајот на првото полугодие многу ученици и понатаму се надвор од наставата преку интернет поради различни причини. Другите наставата ја следат без книги или со учебници кои се оштетени. Има ученици кои минуваат километри пеш затоа што немаат училишта во нивните населени места. Тоа е реалната слика во образованието. Но, министерката Мила Царовска во презентацијата на нејзиното работење во првите 100 дена од новата Влада немаше никакви забелешки за ресорот што го води. Се пофали дека било создадено достапно образование за сите во услови на пандемија. Во оваа пригода, Царовска најави големи промени во основното образование. Меѓу другото, реформите предвидуваат помалку предмети, повеќе истражувања и анализи, изборни предмети и вон-наставни активности.

Advertisements

Според Царовска, новиот концепт на основно образование предвидува спојување на неколку предмети во еден. Таков пример е предмет по историја, кој повеќе нема да се изучува како посебен предмет, туку ќе биде дел од општествените науки. Царовска тврди дека тоа нема никаква врска со актуелните спорови со Бугарија.

Новиот концепт што го најави министерката наиде на критики од ВМРО-ДПМНЕ. Според опозицијата, отстранувањето на историјата како посебен предмет и нејзиното спојување со општествените науки се врши само поради политичките потреби на СДСМ. Според опозицијата, новиот концепт е само тешка импровизација во која најмалку се посветува внимание на образованието и неговата содржина.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button