ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МОН не дава објаснувања дали наставата ќе започне со физичко присуство

Основните и средните училишта се на крстопат во однос на почетокот на новата учебна 2021 – 2022 година. Директорите со кои контактиравме рекоа дека не знаат дали училиштата треба да бидат подготвени за учење од далечина или со физичко присуство. За учењето со физичко присуство, МОН не дава конкретен одговор дали може да се направи без да се вакцинираат сите наставници и колку е бројот на вакцинирани наставници. Краткиот одговор што дојде од оваа институција е дека враќањето на учениците е во корист на децата.

„Министерството за образование и наука е во постојана координација со Министерството за здравство и се прават напори за вакцинирање на наставниот кадар. Сите ние сакаме учениците да се вратат на училиште затоа што знаеме дека физичкото присуство е во најдобар интерес на децатаЌ, велат од Министерство за образование и наука.

За разлика од Министерството за образование, Здравствениот дом во Куманово даде приоритет на вакцинирање на наставници од основно и средно образование. Директорот Фарук Алили рече дека вакцинирањето на наставниците се прави со цел новата учебна година да започне со физичко присуство и вакцинирани наставници.

„Овој процес беше развиен чекор по чекор затоа што не можевме да ги вакцинираме сите училишта одеднаш, бидејќи имавме и термини што беа користени за вакцинирање на граѓани. Се обидовме да ги вакцинираме оние кои имаат закажан термин, но и воспитно-образовниот кадар на основните училишта, во процес сме на вакцинирање и на другите основни училишта во Куманово и општина Липково. Нашата цел е да започнеме со настава во септември со физичко присуство, а не преку Интернет, секако доколку така одлучи Министерството за образование“, рече Фарук Алили, директор на Здравствениот дом во Куманово.

Досега вакцинирани се наставници кои наставниот процес го реализираа со физичко присуство и оние кои беа дел од испитите на државната матура. Покрај наставниците во основно и средно образование, само мал број вработени се вакцинирани во градинките.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button