МАКЕДОНИЈА

МОН: Платформата се тестира и денеска, можни се грешки

Процесот на тестирање е во тек и ќе продолжи да се одвива и во наредните денови, велат од Министерството за образование и наука (МОН) во врска со националната платформа за далечинско учење.

Advertisements

Од МОН велат дека во текот на вчерашниот ден на Платформата биле најавени над 88 илјади активни корисници кои придонеле за дефинирање на предизвиците. Платформата вчера падна за време на тестирањето и не беше во функција. Учениците кои Министерството за образование ги повика да се запознаат со платформата пред почетокот на учебната година, не можеа да се најават на своите профили.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button