МОН: Заразени под 1 отсто од учениците и кадарот, протоколите се ефикасни

Министерството за образование и наука информира дека наставата продолжува да се одвива непречено, следејќи ја веќе утврдената динамика и организација. Помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта се заразени со КОВИД-19 и согласно со овие податоци, наведува МОН, може да се заклучи дека протоколите се ефикасни во намалување на ризиците за ширење на вирусот.
– Според извештаите кои училиштата секојдневно ги доставуваат до МОН, од вкупниот број 259 235 ученици на ниво на држава, процентот на заразени изнесува само 0,06, а од вкупниот број 27 955 наставници и друг кадар овој процент е 0,58, што е далеку под еден процент. Во рамки на наставата со физичко присуство, регистрирани се вкупно 40 ученици позитивни на коронавирусот и 52 вработени од наставниот кадар во средните и основните училишта. Во сите овие случаи се реагира навремено според препораките на центрите за јавно здравје, со што се спречува трансмисија на вирусот, соопшти МОН.