ВЕСТИМЕТРОПОЛ

„Монокл“: Копенхаген е најубав град за 2021 година

Списанието „Монокл“ го прогласи главниот град на Данска, Копенхаген – за најубав град за живеење за оваа година. Пандемијата на Ковид-19, се вели, ги направи дискусиите за зелениот простор, подоброто домување и привлекувањето нови таленти – поважни од кога било.

– Копенхаген е еден од оние градови каде што постои вистинска амбиција да се обезбеди подобар квалитет на живот за сите. Стремежите за создавање почиста околина се најдобри тука, а градот ги бележи придобивките од повеќегодишните урбани инвестиции, вели главниот уредник на „Монокл“, Ендрју Так.

По Копенхаген, следат Цирих, Хелсинки, Стокхолм, Токио, Виена, Лисабон, Оукланд, Тајпеј, Сиднеј, Сеул, Ванкувер, Минхен, Берлин, Амстердам, Мадрид, Мелбурн, Кјото, Бризбејн и Лос Анџелес.

Ова се градовите кои ја искористија изминатава година, како што се наведува, за подобро да ги изградат своите улици, просторот за живеење, стопанството, културната сцена… Истражувањето и рангирањето на „Монокл“ е објавено во изданието за јули/август 2021 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button