СПОРТФУДБАЛ

“Мораме да претставиме млади играчи, многу од нив имаат преку 30 години”

Хрватска не успеа да ја задржи предност од 2-0 по првиот натпревар во четвртфиналето во Лигата на Нации против Франција. Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ и честиташе на Франција за пласманот во самата завршница на разигрувањето велејќи дека неговите избраници го дале максимумот.

Advertisements

„Прво честитики за французите, тие денеска беа подобри. Момците силно се бореа на теренот, 120 миниути. Не беше лесно да се вратиме по три дена. Не сакавме да се браниме, но не натераа на тоа. Се боревме колку што можеви, но противникот беше подобар. Вршев замени, се обидувавме, дојдовме до пенал-рулет, но не можеме да оствариме конечна победа. Французите беа многу добри. Ова беше нашиот максимум, можеби еден натпревар, но два се многу тешки“, изјави Далиќ.

 

Хрватскиот селектор се осврна и кон подмладување на репрезентацијата со оглед на тоа што голем број од репрезентативците имаат повеќе од 30 години.

 

„Сакав да ги заменам и Ковачиќ и Модриќ, сакав да ги променам уште на 1-0, но тогаш французите постигнаа гол. Многу играчи беа уморни. Јошко имаше проблем со повреда. Мораме и да претставиме млади играчи, многу од нив имаат преку 30 години. Го одигравме второто полувреме со потполно нова екипа. Прашавме кој е најподготвен да изведување на пенали, а петорица од нив веднаш се јавија. Тие превземаа одговорност во свои раце и тоа е тоа“, додаде хрватскиот селектор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button