ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Моране; Јаневска ги повика децата да се вратат во училишните клупи

Моране; Јаневска ги повика децата да се вратат во училишните клупи

Министерката за образование Весна Јаневска вака го оцени бојкотот на училиштето во приградското училиште „Наим Фрашери“ од село Моране во Општина Студеничани. Таа апелираше до родителите да ги вратат децата на училиште или во спротивно децата ќе се соочат со последици.

Advertisements

Јаневска рече дека градоначалникот на Студеничани не прифатил ниту едно барање поврзано со оваа проблематика.

Бојкотот веќе влезе во четвртата недела, при што родителите инсистираат училиштето да се одвои од централното училиште во Студеничани, под чии рамки функционира зашто според нив исполнувало сите услови за самостојно функционирање. Гневни од одговорот на министерката, родителите, исто така, најавија протести, но без да наведат кога. Родителите велат дека главна причина за бојкотот на училиштето е неинвестирањето во ова училиште од страна на општина Студеничане./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button