ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Морничави детали од убиството на Вања и Панче

Со изведување материјални докази денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судскиот процес за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, за кои се обвинети пет лица.

На рочиштето се изведуваат докази на Обвинителството, а кои се однесуваат на локациите каде што биле најдени жртвите, наодите од увидите на истражните органи, најдените траги, обдукциските наоди, како и извештаи од психијатриските вештачења.

Advertisements

Од дел од доказите на Обвинителството што беа изведени, посочуваат дека и Вања и Панче биле усмртени со истрели во главата со куршуми со ист калибар од 9 милиметри. Во близина на дупката каде што било најдено телото на Жежовски кај Велес била најдена чаура од куршум со овој калибар, за кој вештачењето покажало дека е произведен од „Сувенир” во 2002 година.

Кај Вања при обдукцијата бил најден проектил со калибар од 9 милиметри. На изведувањето на овие докази приговараше првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, кој кажа дека доказите не укажуваат дека има негови папиларни линии, односно отпечатоци од прсти.

На ова судијата Ивица Стефановски кажа: „Ако има папиларни линии од вас, сигурно ќе бидат истакнати”.

Еден од доказите што беше изведен се однесуваше на анализа на ДНК-траги од самолепливата лента која била на устата на девојчето.

Анализата утврдила дека на неа има мешани траги од ДНК, од кои едните се на девојчето, а другите, со голема веројатност, како што кажа обвинителката, одговараат на обвинетиот Велибор Манев. Беа изведени докази од обдукцијата, а кои укажуваат на начинот на кој биле усмртени двете жртви.

Во девојчето било пукано од непосредна близина. Вања била жива во тие моменти, а позицијата на нејзиниот егзекутор била зад неа и надесно. Остатоците од кал на нејзините чевли укажуваат дека била на влажен терен. Дополнително, трагите од кал на колената покажале дека девојчето клечело во тие моменти.

Обдукцијата, исто така, утврдила дека нема траги од задушување кај девојчето.

Според наодите за Панче Жежовски, тој кога бил застрелан и убиен бил во исправена полунаведната положба, со главата свиткана надолу.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button