СВЕТ
Москва со реципрочни санкции кон Германија и Франција

Русија воведе реципрочни санкции против голем број претставници на Германија и Франција во врска со ситуацијата со Алексеј Навални и наскоро ќе ги информира своите европски партнери за нив, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на онлајн прес-конференција.
„Секако, ќе следи реакција на санкциите. Бидејќи санкциите на Европската унија во врска со Навални директно се однесуваат на високи функционери на руската претседателска администрација, нашите санкции ќе бидат реципрочни. Тие се веќе усвоени и наскоро ќе ги информираме нашите германски и француски колеги за нив“, прецизираше Лавров.