МАКЕДОНИЈА

Мотоциклист загина на автопатот Скопје-Велес

Момче на возраст од 25 години загина на автопатот Скопје-Велес откако со мотоцикл излетало од коловозот, соопшти МВР.

Advertisements

Несреќата се случила вчера попладне околу 16:30 часот.

„На 10.04.2022 во 16:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на село Катланово, Скопско, мотоцикл ’хонда‘ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.П.(25) од Скопје, излетал надвор од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал мотоциклистот“, велат од МВР.

На местото на несреќата увид направиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button