МАКЕДОНИЈА

Може ли граѓанинот да се чувствува безбедно кога институциите не го штитат? – одговара Хасановиќ

Емир Хасанови од Институтот за стратешки дијалог и координатор за Западен Балкан, во „Емисија 200“ на Алсат кажа дали граѓанинот може да се чувствува безбедно кога институциите не го штитат, наведувајќи го случајот со имотот на телевизијата Алсат.

Advertisements

Хасановиќ рече дека сето тоа е поврзано со приоритетите на една држава, додавајќи дека фокусот треба да се стави на подобрување на институциите во служба на граѓаните, а не само да се заклучуваат поглавја без вистински реформи.

„Ова е за приоритетите на една земја, тоа значи дека фокусот на нашиот дискурс со години е членството во ЕУ, топа е во тек, а моментално ги гледаме случувањата со Бугарија кои доминираат на темата, но верувам дека имаме грешка во формулирањето на целиот дискурс и националните приоритети“, рече Хасановиќ.

„Треба повеќе да се фокусираме на процесите на подобрување на институциите за да им служат на граѓаните, а не да се фокусираме на некои процеси само да заклучиме некои поглавја без вистински реформи. Ова го забележав уште кога бев во институциите, бидејќи бевме под стрес да ги исполниме критериумите на НАТО отколку критериумите на граѓаните“, нагласи тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button