
Успешниот бојкот на малопродажните продавници во Хрватска привлече големо внимание во регионот, откако податоците од Управата за јавни приходи покажаа драматично намалување на прометот, пишува денар.мк.
Според статистиката, до 16 часот на денот на бојкотот, бројот на издадени сметки во малопродажбата опаднал за 43%, додека вредноста на купените производи се намалила за дури 50%.
Но, дали ваков колективен потрошувачки отпор може да се примени и во Македонија?
Ведран Кузмановски, економски аналитичар, вели дека бојкотот може да биде ефикасна алатка доколку е правилно организиран.
„Кога потрошувачите ќе покажат дека можат да ги контролираат своите навики за купување, тоа врши директен притисок врз компаниите и институциите. Ако хрватскиот пример е валиден, тоа значи дека и кај нас постои потенцијал за ваков вид акција. Клучно е само да се обединат граѓаните околу заедничка цел“, објаснува Кузмановски.
Извор: Денар.мк