ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Можни вонредни избори во три општини

Трите општини кои се очекува да останат без градоначалници, Сарај, Гостивар и Аеродром, можеби нема да одат на предвремени избори. Иако законот предвидува избори да има доколку до крајот на мандатот остануваат повеќе од шест месеци, новото парламентарно мнозинство е заинтересирано за продолжување на овој рок. И од ВМРО ДПМНЕ потврдија дека ќе ја разгледаат оваа можност.

Advertisements

„Ова е прашање што треба да се отвори по формирањето на новата Влада, со што ќе се разгледа потребата од можни измени на законот“, велат од ВМРО.

Грдаоначалниците на Сарај, Гостивар и Аеродром беа избрани за пратеници и вчера им беше верификуван мандатот. Досега оставката ја потврди само Блерим Беџети од коалицијата Европски фронт. Од друга страна, Арбен Таравари од коалицијата ВЛЕН и Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ се потенцијални министри во новата влада.

Според законот за локална самоуправа, во случај на прекин на мандатот на градоначалник на општината, предвидено е распишување на предвремени локални избори во таа општина. Изборите не може да се применат ако има помалку од шест месеци до следните редовни избори, но во овој случај има повеќе од 1 година до редовните избори, бидејќи тие се закажани за октомври 2025 година.

Закон за локална самоуправа, член 54

„(5) Советот во рок од 30 дена од денот на објавувањето на одлуката на Владата од ставот (4) на овој член ќе избере еден од членовите на Советот кој ќе ги врши работите на градоначалник на општината, за периодот до изборот на нов градоначалник.

(6) Членот на Советот престанува да биде член на Советот во времето на вршење на должноста градоначалник.

(7) Изборите од ставот (4) на овој член нема да се спроведат доколку до новиот изборен период има помалку од шест месеци“.

Во трката за пратеник учествуваше и првиот човек на општина Тетово Билал Касами, кој до Собранието достави изјава дека се откажува од функцијата пратеник и побара да не му биде верификуван мандатот.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button