СПОРТФУДБАЛ

Можните противници во Конференциската Лига за Шкендија и Тиквеш

Екипите на Шкендија и Тиквеш ќе ја претставуваат Македонија во квалификациите за групната фаза во Конференциската лига на УЕФА. Шкендија како вицешампион, а Тиквеш како освојувач на Купот на Македонија обезбедија европско лето, а двете екипи веќе ги дознаа сите можни противници во првото квалификациско коло.

Во ждрепката тетовчани ќе имаат носителска улога поради својот висок коефициент од 8,000, додека Тиквеш кој има 1,250 ќе биде неносител и го чека потешка задача. Еве ги можните ривали на Тиквеш и Шкендија во првото коло.

Ждрепката за првото квалификациско коло е закажана за 18 јуни, а првите натпревари се играат на 11 јули. Реваншите се закажани за седум дена подоцна.

Покрај нив европско лето обезбеди и шампионот Струга Трим Љум, кој ќе се натпреварува во квалификациите за Лигата на Шампионите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button