Можно е зголемување на сметките за вода и смет

По поскапувањето на струјата, нафтените деривати и прехранбените производи, граѓаните може да се соочат и со поскапување на сметките за вода, и другите општински услуги. Директорите на јавните општински претпријатија бараат финансиска помош од Владата, нагласувајќи дека кризата го доведе во прашање нивното нормално функционирање.
Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ нагласи дека според првичните анализи од септември ова претпријатие ќе се соочи со петкратно поскапување на сметките за струја.
Од здружението на јавни претпријатија кое го сочинуваат околу 90 јавни претпријатија од целата земја, се согласни дека Владата треба им да помогне во покривање на загубите во повеќе сегменти од системот, и се надеваат дека ќе се постигне некој договор.
Ајнур Бафќари