ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МПЦ-ОА денеска излегува на собир против предлог-законите за родова еднаквост и матична евиденција

Под мотото „Имаме должност“, Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) денеска излегува на најавениот сенароден собир во знак на протест против предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција за кои вели дека се сериозна закана за општеството.

Advertisements

Собирот ќе почне во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Најавувајќи го собирот, епископот Јаков Стобиски, кој деновиве се најде во фокусот на јавноста со неговите изјави за трансродовите лица и ЛГБТИ-популацијата, на прес-конференција изјави дека протестот не е насочен против припадниците на ЛГБТИ-заедницата туку исклучиво против содржината на двата закони чие усвојување, како што вели, сериозно би ги загрозило правата на 99 отсто од наслението во земјава.

Епископот Стобиски вчера повторно ѝ се обрати на јавноста и преку видеоснимка ги повика граѓаните на излезност на денешниот собир.

„Имаме должност да ја разобличиме лагата, силно и јасно да ја изговориме и исповедаме вистината, но и да ги заштитиме децата и семејството и да ја одбраниме слободата којашто не ни е дадена тукутака, но за неа не некој друг, туку Христос има платено скапа цена. Премногу скапа за да станеме робови на луѓе, на некакви човечки идеологии спротивни на духот на евангелието“, рече епископот Јаков Стобиски во своето видеообраќање.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button